| Macedonian Biography |
Симон Трпчески - биографијаСимон Трпчески е роден на 18.09.1979 година во Скопје, Република, Македонија. Тој се постави себе си како еден од исклучителните млади музичари кои се појавија во изминативе години во областа на класичната музика, настапувајќи со голем број од најдобрите светски оркестри и диригенти притоа оставајќи ја вчудоневидена публиката и критиката насекаде во светот. Не случајно британскиот “The Pianist” и американскиот “Seattle Times” воодушевени од неговите изведби го опишаа како „најдоброто нешто од Македонија по Александар Македонски“.
Во Северна Америка настапувал со филхармониските оркестри на Њујорк, Филаделфија, Лос Анџелес, Сан Франциско, Отава како и со симфониските оркестри на Колорадо, Балтимор, Сиетл, Торонто, Феникс, Чикаго, Питсбург, Кливленд, Бостон. Со рецитали се има претставено во повеќе градови вклучувајќи ги Сиетл, Торонто, Сан Франциско, Портланд, Атланта, Ванкувер, Монтреал, Вашингтон, Њујорк. Во Јужна Америка има настапи со симфониските оркестри во Бразилија и Сао Паоло, а со рецитал се има претставено во Сао Паоло. Неговите европски настапи ги вклучуваат рециталните изведби на главните сцени во Лондон, Амстердам, Париз, Даблин, Билбао, Милано, Вилнус, Лисабон. Хамбург, Прага, Минхен, Дизелдорф, Хелсинки, Брисел, Тулуз, Белград, Загреб, Љубљана, Будва, Бар, Фиренца и настапите со оркестрите London Symphony Orchestra, Philharmonia Orchestra, London Philharmonic Orchestra, Halle Orchestra, CBSO, Royal Concertgebouw, Royal Liverpool Philharmonic, DSO Berlin, NDR Hamburg, Strasbourg Philharmonic Orchestra, St. Petersburg Philharmonic Orchestra, Russian National Orchestra, Danish National Symphony Orchestra, Helsinki Philharmonic Orchestra, Royal Stockholm Philharmonic Orchestra, Gothenburg Symphony Orchestra, Swedish Chamber Orchestra, Scottish Chamber Orchestra, Orchestra of the Bolshoi Theatre. Во рамките на своите професионални ангажмани, дополнително одржува и семинари во Европа, Америка, Азија и Нов Зеланд. Трпчески има издадено четири компакт дискови со рецитална програма за издавачката куќа EMI Classics и еден компакт диск со оркестарска изведба за издавачката куќа AVIE Records, за кои што има добиено блескави оценки. За првото ЦД издание со дела од Чајковски, Скрјабин, Стравински и Прокофјев, доби две награди. Editor’s Choice и Debut Album Awards на доделувањето на Gramophone Awards. Второто издание со дела од Рахмањинов и третото со дела од Шопен добија извонредни критики и беа прогласувани за ЦД изданија на месецот секое во различни периоди. И негово четврто рецитално ЦД издание со дела од Дебиси издадено 2008 година од EMI Classics исто така наиде на исклучителна наклонетост кај критиката, за кое EMI Classics во координација со КултурОп, сними специјален маркетинг материјал во Македонија. Симон Трпчески има освоено награди на меѓународни пијано натпревари во Чешка (1994 - Втора награда); Сенигалија, Италија (1995 - Втора награда); Варало и Боргосезија, Италија (1996 - Трикратен победник); Пескара, Италија (1996 - Апсолутен победник) и Лондон, Велика Британија (2000 - Втора награда). Во Македонија добитник е на следните награди и признанија: Награда за ученик на генерацијата во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ - „Климентина Рафајловска“ - 1998; Прва награда на натпреварот YAMAHA, ФМУ Скопје - 1998; Медал од I (прв) ред од одличјето Македонски крст од страна на Македонската Православна Црква - 2008; Наградата Европски придонес за 2008 - од страна на Европското движење; 13 Ноемвриската награда на град Скопје - 2009; Награда за Извонредни достигнувања од страна на Обединетата Македонска дијаспора - 2010; како и признанија од фондацијата „Мајка Тереза“ и Светскиот Македонски Конгрес. Тој е единствен македонец во историјата на фестивалот „Охридско лето“ кој како солист ја има добиено највисоката награда „Свети Климент Охридски - Охридска Изида“ во 2000 година. Во декември 2009 година, Претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорге Иванов му додели „Орден за заслуги за Македонија“ со што стана најмлад добитник на вакво признание во историјата на Република Македонија. Симон има настапено на Деновите на македонска култура во Турција, Русија, САД, како и 3 (три) пати во Италија по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“. Во 2000 година на покана на Министерството за култура на РМ, настапува во Грција по повод средбата на Министрите за култура на Грција, Албанија и Македонија. Во соработка со амбасадорот Никола Димитров настапи на отворањето на македонската амбасада во Вашингтон, САД во 2005 година; а во соработка со амбасадорот Методија Белевски во јуни 2009 година, одржа рецитал за промоција на македонската култура во Мадрид, Шпанија. Во септември 2008 година настапи во седиштето на Обединетите Нации по повод затворањето на 62. сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации на покана на Претседателот, неговата екселенција г-дин Срѓан Керим. Во септември 2010 година настапи на престижната манифестација Shanghai EXPO во Кина, на покана на Министерството за економија на Република Македонија. Во Македонија има голем број настапи во повеќе градови низ државата вклучувајќи и настапи на Охридско лето, Скопско лето, Битолско културно лето, како и настапи со Македонската филхармонија и оркестарот на Факултетот за музичка уметност од Скопје. За неговите професионални ангажмани во Македонија и во светот е задолжена менаџерската куќа од Лондон - IMG Artists.
Last Edited: 15.05.2011 |





